• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шпанија: Моменталните трошоци за одбрана се доволни

Шпанија: Моменталните трошоци за одбрана се доволни

Хаг, 25 јуни 2025 (МИА) – Шпанија ќе ги исполни новите цели за способности кои денеска ги договорија членките на НАТО, но смета дека нејзиното моментално издвојување за одбрана од два проценти од БДП е „доволно, реално и компатибилно со државата“, изјави премиерот Педро Санчез по состанокот.

Шпанија веќе претходно изјави дека не мора да ја исполни целта од пет проценти и оти може да ги исполни своите обврски трошејќи значително помалку.

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан