Шпанија и Мексико ќе објавуваат видео и аудио снимки од ВАР собата
- Фудбалскиот сојуз на Шпанија и елитната Ла Лига соопштија дека по секој натпреварувачки ден ќе објавуваат слики и аудио разговори меѓу судиите на теренот и ВАР судиите.

Мадрид, 20 декември 2023 (МИА) – Шпанските и мексиканските фудбалски власти одлучија од јануари идната година да ги објавуваат видео и аудио записите од ВАР технологијата која сè почесто е критикувана.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија и елитната Ла Лига соопштија дека по секој натпреварувачки ден ќе објавуваат слики и аудио разговори меѓу судиите на теренот и ВАР судиите.
Со таа пракса ќе се почне во Суперкупот на Шпанија кој од 10 до 14 јануари ќе се игра во Ријад и ќе продолжи на натпреварите од 20 прволигашко коло кое е на распоредот од 12 јануари.
Паралелно со ова, и Фудбалската федерација на Мексико најави дека почнувајќи од 12 јануари ќе почне да ги објавува материјалите од ВАР собата. ег/
ФОТО: Икс