• петок, 05 декември 2025

Шпанија им забрани влез на израелските министри Смотрич и Бен Гвир

Шпанија им забрани влез на израелските министри Смотрич и Бен Гвир

Мадрид, 9 септември 2025 (МИА) – Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, денеска соопшти дека неговата земја им забранила влез на израелските министри за национална безбедност и за финансии, Итмар Бен Гвир и Безалел Смотрич.

Министерството за надворешни работи на Шпанија исто така го повика својот амбасадор од Тел Авив на консултации, како одговор на обвинувањата за антисемитизам.

Одлуката на Шпанија следува пет недели откако на Бен Гвир и Смотрич им беше забранет влез во Холандија, а на двајцата министри им беше забранет влез и во Словенија и Белгија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан