• сабота, 31 јануари 2026

Шпанецот Траоре нов фудбалер на Вест Хем

Шпанецот Траоре нов фудбалер на Вест Хем


Лондон, 28 јануари 2026 (МИА) – Шпанскиот крилен напаѓач Адам Траоре (30) му се приклучи на Вест Хем, потпишувајќи договор на година и пол со лондонскиот премиерлигаш, јавија денеска британските медиуми.
Траоре ги мина последните две и пол сезони во градскиот Фулам, за кој постигна четири голови на 78 натпревари.
Шпанецот во Вест Хем ќе соработува со португалскиот стратег Нуно Еспирито Санто, со кого беа заедно дел од Вулверхемптон, од 2018 до 2021 година.
Траоре играше вкупно пет сезони во Вулверхемптон.
„Го познавам тренерот добро од нашите денови во Вулверхемптон и со нетрпение очекувам повторно да соработувам со него. Вест Хем е голем клуб со огромна база на навивачи. Го следам долго време, гледав филмови за Вест Хем кога бев млад. Знам дека навивачите на Вест Хем го следат својот клуб со многу страст“, рече Траоре, кој треба да дебитира за новиот клуб на саботниот натпревар против Челзи. По 23 кола од Премиер лигата, Вест Хем е во зоната за испаѓање, на 18. место со 20 бодови и во пролетниот дел од сезоната го очекува борба за опстанок во Премеирлигата. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан