• понеделник, 23 декември 2024

Шпанецот Раул Алонсо нов тренер на Еурофарм Пелистер

Шпанецот Раул Алонсо нов тренер на Еурофарм Пелистер

 

Битола, 12 ноември 2024 (МИА) – Шпанскиот стратег Раул Алонсо е назначен за нов тренер на Еурофарм Пелистер, објави попладнево актуелниот македонски ракометен првак.

Алонсо, како што е соопштено, стави потпис на договор до јуни 2026 година.

Четириесипетгодишниот Шпанец седнува на клупата на клубот од Битола на местото на Бранимир Ангеловски, кој пред три недели поднесе оставка на должноста по поразот од вицешампионот Алкалоид во македонската Суперлига.

Алонсо голем дел од својата ракометна кариера како тренер ја мина во Германија, предводејќи ги Обернбург, Рајн Мен Бинен, а од 2010 до 2015 година беше дел од стручниот штаб на Кил, каде стана двоен европски првак како асистент на Алфред Гисласон, а заедно освоија и серија на домашни трофеи од Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија. Потоа беше директор на академијата на Кил, а напоредно работеше и во германската ракометна Федерација.

Самостојната тренерска кариера ја почна во австриски Тирол, а во 2018 година ја прифати понудата на Маноло Каденас и се пресели во Мешков Брест како асистент тренер. По само една сезона го презеде кормилото на белорускиот првак и во две сезони како прв тренер на екипата ги освои сите домашни трофеи и стигна до четвртфиналето и осминафиналето на Лигата на шампионите.

Во 2022 година Раул се врати во Германија и го водеше тимот на Ерланген. ег

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан