• сабота, 23 ноември 2024

Шојгу: Русија нема да преговара со Киев се додека не ги протера терористите од Курскиот регион

Шојгу: Русија нема да преговара со Киев се додека не ги протера терористите од Курскиот регион

Москва, 10 септември 2024 (МИА) - Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, денеска изјави дека Русија нема да води никакви преговори со Киев се додека не ги „избрка украинските терористи од Курскиот регион“.

-Не сме воделе никакви преговори со терористите, не водиме и нема да водиме се додека не ги протераме од нашата територија. Желбата да се изврши нуклеарен терор против нуклеарната централа Курск не е ништо друго туку највисоко ниво на тероризам, рече Шојгу во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.

Според него, „украинските терористи“ сакале да ја заземат нуклеарната централа Курск.

-За среќа, не успеаја, истакна Шојгу.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан