• среда, 27 ноември 2024

Шојгу ги обвини САД дека со сојузниците ги предизвикуваат другите земји на воена конфронтација со Русија и Кина

Шојгу ги обвини САД дека со сојузниците ги предизвикуваат другите земји на воена конфронтација со Русија и Кина

Москва, 28 април 2023 (МИА) - Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека конфликтот во Украина ја потврди посветеноста на Вашингтон и неговите сојузници на провоцирањето на другите земји за воена конфронтација со Москва и Пекинг.

На средбата на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO), Шојгу кажа дека Вашингтон и неговите соучесници го спроведуваат својот стратешки план, што се состои во предизвикувањето други земји на воена конфронтација со непожелните држави, пред се со Русија и Кина.

-Вистинска цел на Вашингтон е да и нанесе стратешки пораз на Русија, да создаде закана за Кина и да ја зачува својата монополска позиција во светот, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, додавајќи дека „речиси сите членки на НАТО ги користат своите воени капацитети против неговата земја". сд/

Остани поврзан