• сабота, 23 ноември 2024

Шолц: Целосно да се истражи нападот во Полска пред да се донесат заклучоци

Шолц: Целосно да се истражи нападот во Полска пред да се донесат заклучоци
Нуса Дуа, 16 ноември 2022 (МИА) - Ракетниот напад во источниот дел на Полска, близу украинската граница, во кој загинаа две лица, треба целосно да се истражи пред да се донесат заклучоци, смета германскиот канцелар Олаф Шолц, јавија дел од британските медиуми. Во изјава по самитот на Г20 на Бали, Шолц го нарече позитивен знак, тоа што САД ѝ понудиле помош на Полска во истрагата. - Рускиот претседател е речиси сам на светот со неговата политика, додаде тој. Две лица загинаа вчера кога, како што соопштија полските власти, „проектил од руско производство“ паднал во близина на селото Пжеводов, на околу 6,4 километри западно од украинската граница, приближно во исто време кога московските сили го лансирале својот најголем бран ракетни напади врз украински градови за повеќе од еден месец. бд/јт/

Остани поврзан