• понеделник, 23 декември 2024

Шолц се сретна со емирот на Катар за да разговара за Израел и Хамас

Шолц се сретна со емирот на Катар за да разговара за Израел и Хамас

Берлин, 12 октомври 2023 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц одржа средба со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, еден од најистакнатите поддржувачи на радикалното палестинско движење „Хамас“, како дел од дипломатските напори за намалување на тензиите околу конфликтот на Блискиот Исток, јави ДПА. 

Шолц го прими емирот во канцеларијата, по што двајцата се упатија на работен ручек. Заедничка прес-конференција не беше планирана.

По саботниот напад врз Израел од страна на движењето Хамас кое владее со Газа, Катар го обвини само Израел за ескалација на ситуацијата и укажа на „постојаното кршење на правата на палестинскиот народ“.

Но, според Хамас, Катар исто така се обидува да посредува во размената на израелски заложници и палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Средбата се одржа само неколку часа откако Шолц го информираше парламентот за владината позиција за настаните во Израел, во која го увери Израел за цврстата солидарност на Германија. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан