• среда, 25 декември 2024

Шолц: Нема да има недостиг од гас оваа зима, од следната година Германија нема да биде зависна од Русија

Шолц: Нема да има недостиг од гас оваа зима, од следната година Германија нема да биде зависна од Русија
Берлин, 13 ноември 2022 (МИА) - Германија треба да биде целосно независна од рускиот гас до крајот на следната година, а нема да има недостиг од гас ниту оваа зима, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. „Добро сме подготвени за оваа зима и тоа е позитивна порака“, изјави Шолц на конгресот на Здружението на германските работодавачи во Берлин. Тој додаде дека поради добрата пополнетост на резервоарот, што во моментов е 86 отсто, не се очекува недостиг од гас. Шолц рече дека целосна независност од рускиот гас се очекува до крајот на 2023 година. „Изградбата на ЛНГ терминалот напредува и ќе увезуваме гас од САД, Норвешка и други земји“, рече Шолц. Истовремено, канцеларот како проблем ја наведе високата цена на енергијата. Во таа насока тој ја поздрави најновата одлука на Европската комисија со која се ограничува профитот на енергетските компании што треба да резултира со намалување на цената на струјата.
„Предлогот на Европската комисија е речиси идентичен со она за што исто така се залагавме“, рече Шолц. Тој се заложи за целосна реформа на пазарот на електрична енергија за намалувањето на цените да се префрли на крајните потрошувачи „уште оваа зима“. паг/  

Остани поврзан