• вторник, 24 декември 2024

Шолц контра опозицијата во парламентот: Германија има потреба од странски работници

Шолц контра опозицијата во парламентот: Германија има потреба од странски работници

Берлин, 11 септември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во своето обраќање во парламентот ја бранеше миграциската политика на својата влада, истакнувајќи дека Германија мора да привлече квалификувани странци, пренесува ДПА.

- Нема земја во светот со намалена работоспособна популација која има економски раст. Тоа е вистината, изјави Шолц во Бундестагот.

Неговото излагање се случува среде тензичните дебати во Берлин околу миграциските политики и прашањето за азил. Вчерашните преговори меѓу владината коалиција и опозицијата не беа успешени, по меѓусебните остри критики.

Темата миграција е во фокусот на дебатите откако минатиот месец маж уби три  и повреди осум лица во градот Солинген. Напаѓачот бил 26-годишен Сиријец, кој избегнал депортација.

Шолц остро го критикуваше лидерот на опозицијата Фридрих Мерц од Христијанско-демократската унија, обвинувајќи го за политички игри. Шолц повика на заеднички решенија, а Мерц одговори дека владата треба да презентира конкретни предлози. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан