• вторник, 18 февруари 2025

Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија

Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија

Минхен, 15 февруари 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија нема да прифати странско мешање во нејзината демократија, порака што ја даде еден ден откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја критикуваше европската демократија на Конференцијата за безбедност во Минхен.

„По парламентарните избори, закажани за 23 февруари, Германија сама ќе одлучи како да ја развие својата демократија“, рече Шолц, повторувајќи го својот став против екстремната десница.

„Германија е многу силна демократија и како силна демократија апсолутно ни е јасно дека екстремната десница треба да биде надвор од процесот на донесување политички одлуки и нема да има соработка со нив“, рече Шолц пред изборите, на кои, според анкетите, екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) има 21 отсто поддршка и е на второто место зад Христијанската социјалистичка унија (ЦСУ), која има поддршка од 32 отсто. паг/

Фото: ЕПА
 

 



Остани поврзан