• понеделник, 23 декември 2024

Шломи Биндер назначен за нов шеф на Израелското воено разузнавање

Шломи Биндер назначен за нов шеф на Израелското воено разузнавање

Ерусалим, 3 мај 2024 (МИА) - Израел го назначи генералот Шломи Биндер за нов шеф на военото разузнавање, јави ДПА, повикувајќи се на израелските одбранбени сили.

Претходникот на Биндер, генерал-мајор Ахарон Халива, поднесе оставка минатиот месец, велејќи дека на тој начин „ја презема лидерската одговорност“ по настаните од 7 октомври, кога борците од Хамас и други палестински групи го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа околу 1200 души, а околу 250 души беа земени како заложници во предградието на Газа.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант се согласи со барањето на Халива да поднесе оставка. Покрај тоа, Халива ќе ја напушти и армијата, откако и таму ќе му биде најдена замена. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан