• вторник, 17 декември 2024

Шкупи со пораз во Гибралтар ја мина првата пречка во Лигата на шампиони

Шкупи со пораз во Гибралтар ја мина првата пречка во Лигата на шампиони
Гибралтар, 12 јули 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Шкупи обезбеди пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони, откако вечерва на реваншот во Гибралтар против Линколн и покрај поразот од 0-2 (0-1) ја зачува предноста од три голови стекната пред една недела во Скопје. Линколн поведе во 32 минута преку Пења, а натпреварот во неизвесна завршница го однесе Каскијаро со прецизен удар во 69 минута. Противник на Шкупи во 2. квалификациско коло ќе биде хрватскиот шампион Динамо Загреб. Хрватскиот претставник, во чиј редови настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а во минатото дресот го носеше и актуелниот стратег на Шкупи, Гоце Седлоски, ќе биде домаќин на првиот натпревар на 21 јули. Реваншот е по една недела во Скопје. Победникот од дуелот ќе ги продолжи квалификациите во Лигата на шампиони, додека поразениот се сели во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на конференции. ег/дма/

Остани поврзан