Шкупи направи голем исчекор кон второто квалификациско коло во ЛШ
- Македонскиот фудбалски првак Шкупи е пред пласман во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, откако вечерва во Скопје го совлада Линколн со 3:0.

Скопје, 5 јули 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Шкупи е пред пласман во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, откако вечерва во Скопје го совлада Линколн со 3:0.
Чаирчани доминираа во текот на целиот натпревар, а третиот гол го постигнаа со фудбалер помалку.
Головите ги постигнаа Данфа, Адетунџи и Чиполина (автогол). Поради втор жолт картон, во 54.минута Шкупи остана без Маргвелашвили.
Реваншот ќе се игра по седум дена на теренот на Линколн. зс/