• понеделник, 18 ноември 2024

Шкупи го доби Линколн за противник во првото квалификациско коло од ЛШ

Шкупи го доби Линколн за противник во првото квалификациско коло од ЛШ
Нион, 14 јуни 2022 (МИА) - Екипата на Линколн од Гибралтар е ривалот на Шкупи во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Вака одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Првиот натпревар ќе се игра на 5 или 6 јули, реваншот ќе биде на 12 или 13 јули. Македонскиот фудбалски шампион првиот меч ќе го игра на домашен терен во Скопје. Тимот од Чаир е фаворит во пресметката со Линколн, кој беше најпосакуваниот противник од можните ривали во третата група. зс/

Тагови

Остани поврзан