• среда, 25 декември 2024

Шкријељ: Првпат воведуваме платено мајчинско отсуство за жени земјоделки

Шкријељ: Првпат воведуваме платено мајчинско отсуство за жени земјоделки

Скопје, 12 февруари 2023

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари, 

 
СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, на дело покажува вистинска грижа за жените. 
 
Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која жените земјоделки ќе можат да користат платено отсуство за мајчинство. 
 
Со усвојувањето на Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.
 
Оваа програма е креирана по иницијатива и со директна соработка со жените кои вршат земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не добивале платено породилно отсуство.
 
Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, семејно земјоделско стопанство во кое членува да остварило финансиска поддршка за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари.
 
При тоа, потребно е и да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.
Финансиска поддршка за  надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година.
 
 
За нас во СДСМ секој еден е важен, секоја една е важна, затоа продолжува со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите категории граѓани.
 
Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка
 
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
 
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан