• вторник, 24 декември 2024

Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднин

Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднин

Скопје, 12 април 2024  

Изборот пред граѓаните на овие претседателски избори е помеѓу надеж со Пендаровски и враќање во минатото со Силјановска.

Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата.

Силно го поддржува членството во ЕУ и НАТО.

Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува.

Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател на сите граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност.

Тоа е нашиот претседател Стево.

Не само што го врати угледот на позиција туку покажа и интегритет во носењето на одлуките, независно од било која партија.

Без афери, без скандали, без ниту една дамка и без ниту една погрешна одлука.

На граѓаните им е доста од делби и поделби. Време е за државнички одлуки за иднината на сите граѓани.

Со глас за Стево обезбедуваме сигурна европска иднина, подобра иднина за сите.

Одговор на новинарско прашање: 

Тоа е прашање повеќе за нив не би навлегувале во тоа. Меѓуоа она што сметам е дека секој одговорен и сериозен политички субјект во нашата држава е свесен дека ДПМНЕ никогаш не носеле одлуки во корист на државата и граѓаните, напротив секогаш работеле на штета на граѓаните. Единствена цел на ДПМНЕ секогаш била да ја држат државата заробена, изолирана наспроти европската агенда којашто секој политички субјект во државата ја поддржува.

линк до  видео:https://youtu.be/ThZAUN_0cNg

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан