• сабота, 23 ноември 2024

Шкриељ: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

Шкриељ: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

Скопје, 2 април 2024 

Програма за европска иднина: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

Почитувани граѓани, 


Во Програмата за европска иднина за новиот мандат предвидуваме серија мерки во образованието, мерки  за младите, за учениците, за унапредување на ученичкиот стандард.


Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици во основните и средните училишта, по примерот на студентскиот оброк.


Грижата за идните генерации, за младите, почнува во училишните клупи.


Обезбедуваме бесплатен јавен превоз за сите млади лица во образовен процес, до дипломирање.


За олеснување на семејниот буџет и подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер „Среќен почеток“. 


Секое прваче пред почеток на школската година, во месец август ќе добие ваучер во износ од 6.000 денари.


Секој нов средношколец добива ваучер од 9.000 денари.


Со новата програма се воведуваат и бесплатни едукативни екскурзии и тоа: за петтооделенците бесплатна екскурзија за подобро запознавање на Македонија, бесплатна екскурзија во деветто одделение, „Запознај го регионот“, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство.


За матурантите се воведува бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно „Запознај ја Европската Унија“.


Приоритет се сигурни и безбедни училишта и ученици, за што имаме мерки за превенција и санкционирање на  врсничкото насилство.


Младите се нашата иднина.


Младите сакаат да живеат во европска држава, со европски стандард, европски вредности и начин на живот, кои ги носи „Програмата за европска иднина“ на СДСМ.

Прес-конференција на Санела Шкриељ, пратеничка на СДСМ 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан