• среда, 25 декември 2024

Шкотски фудбалски судии обелоденија дека се хомосексуалци

Шкотски фудбалски судии обелоденија дека се хомосексуалци
Лондон, 3 јуни 2022 (МИА) – Шкотските фудбалски судии Крег Непиер (32) и Лојд Вилсон (31) јавно обелоденија дека се хомосексуалци во обид да ја променат културата во шкотскиот фудбал, пренесуваат денеска британските медиуми. Непиер, кој минатата сезона судеше десет натпревари во шкотската Премиер лига, проговори за својата сексуална ориентација во видео објавено од Фудбалската федерација на Шкотска, додека Вилсон, кој суди во пониските дивизии, одлучи да го следи примерот на својот колега и да го прекине деценискиот молк на оваа тема во професионалниот фудбал. - Мораме да ја промениме атмосферата околу себе со цел луѓето да можат да бидат такви какви што се во својата кожа и да можат да живеат среќно и комфорно. Тоа мора да се пренесе и на фудбалот, истакна Непиер на Твитер профилот на Шкотската фудбалска федерација. Вилсон, пак, за својата сексуална ориентација зборуваше на Јутјуб каналот на хуманитарната организација за ментално здравје „Back Onside“. Минатиот месец напаѓачот на англискиот второлигаш Блекпул, Џејк Даниелс, стана првиот активен британски фудбалер кој обелодени јавно дека е хомосексуалец. ег/паг/

Остани поврзан