• вторник, 24 декември 2024

Шкендија со пораз ги почна квалификациите во младинската Лига на шампиони

Шкендија со пораз ги почна квалификациите во младинската Лига на шампиони
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) – Македонскиот првак Шкендија со пораз стартуваше во квалификациите во младинската Лига на шампиони во фудбал, откако попладнево загуби во Скопје од хрватски Хајдук со 2:0 (1:0). Хрватскиот тим дојде во водство во 29 минута преку Филип Чулиќ, а истиот фудбалер го постави конечниот резултат во 56 минута. Реванш натпреварот е на програмата на 20 октомври во Сплит. Победникот од пресметката меѓу Шкендија и Хајдук во 2. квалификациско коло во младинската Лига на шампиони ќе игра против поуспешниот од двомечот меѓу Даугвалпис од Литванија и белорускиот ФК Минск. ег/ар/

Остани поврзан