Шкендија и Струга ќе играат во Струмица
- Дерби натпреварот во рамки на 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу тетовска Шкендија и лидерот на табелата Струга ќе се игра на стадионот „Пандев“ во Струмица.

Скопје, 23 август 2022 (МИА) – Дерби натпреварот во рамки на 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу тетовска Шкендија и лидерот на табелата Струга ќе се игра на стадионот „Пандев“ во Струмица.
Поради реконструкција на стадионот во Тетово фудбалерите на Шкендија натпреварите на домашен терен досега ги играа во Струга, а дуелот против локалниот противник одлучија да го играат како домаќини во Струмица.
Дуелот е закажан за в недела со почеток во 16 часот.
Струга со максимални девет бодови води на табелата во ПМФЛ по воведните три кола, додека Шкендија е на делба на второто место со седум бодови. ег/рп/