Шкендија го пречекува Шелбурн во Конференциската лига
- Екипата на Шкендија вечерва го играа дуелот од 2.коло од Конференциската лига на УЕФА
Скопје, 23.октомври 2025 (МИА) – Екипата на Шкендија вечерва го играа дуелот од 2.коло од Конференциската лига на УЕФА. Во Скопје ќе гостува Шелбурн, а воедно ова е прв историски натпревар за Шкендија како дел од едно големо натпреварување.
- Нормално е да бидеме мотивирани за овој натпревар. Шкендија ќе испише клупска историја. Едвај го чекаме натпреварот, очекуваме публиката да биде присутна во голема бројка и да нè поддржи. Сакаме историскиот настап да го збогатиме со трите бода, тоа е нашата цел. Покажавме дека Шкендија е добра во Европа, ги покажавме квалитетите и ќе се бориме“, изјави Клинсман Цаке.
Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ почнува во 18:45 часот. мн/
Фото: Фејсбук ФК Шкендија