Шкендија ги дозна противниците на стартот од Лигата на шампиони
- Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија ги дознаа вечерва потенцијалните противници за 1. квалификациско коло Лигата на шампиони (ЛШ)

Нион, 14 јуни 2021 (МИА) – Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија ги дознаа вечерва потенцијалните противници за 1. квалификациско коло Лигата на шампиони (ЛШ)
Шкендија ја дочекува утрешната жрепка во Нион како носител во групата 2. и на отворањето на новата сезона во ЛШ ќе игра против ХЈК Хелсинки (Финска), Конах’с Квеј Номадс (Велс), Мура (Словенија) или Борац Бања Лука (БиХ).
Првите натпревари се на програмата на 6 и 7, а реваншите на 13 и 14 јули.
Поразените екипи во 1. квалификациско коло во ЛШ го продолжуваат европскиот настап во 2. квалификациско коло во новоформираната Конференциска лига на УЕФА.ег/свс/