• понеделник, 23 декември 2024

Шилегов: Отворената културна сцена во Градскиот парк ќе биде новата гордост на Скопје

Шилегов: Отворената културна сцена во Градскиот парк ќе биде новата гордост на Скопје
Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) - Во Градскиот парк денеска Град Скопје ја постави првата од трите летни сцени наменети за одржување на културни настани на отворено. Станува збор за монтажна и мултифункционална сцена на отворено, со движечки челични профили, идеална за одржување на музички настани, изложби, театарски претстави, уметнички перформанси и разни други собири. На отворањето, актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов истакна дека мултифункционалната сцена ќе биде новата гордост на Градски парк. - Местото каде ќе се одржуваат најубавите настани, градски фестивали, местото каде многу скопски уметници за прв пат ќе застанат на сцена и каде публиката ќе има можност да ужива во незаборавни моменти, рече тој. Изминатите две години поминати со пандемијата на Ковид-19, потенцира Шилегов, ги натера граѓаните повеќе време за одмор и рекреација да поминуваат на отворено, а едно од омилените места на скопјани е токму Градскиот парк. - Овој процес го започнавме веднаш по започнувањето на пандемијата. Град Скопје беше првата европска метропола со кризни мерки за културата во насока на заштита на егзистенцијата на скопските уметници, но и првата метропола што организираше цели фестивали сред пандемија, па дури и во карантин. Оваа сцена е избрана на јавен конкурс во конкуренција на 12 други трудови и беше претставена на изложба заедно со сите останати примени трудови минатото лето. По изработката на основниот проект и неопходните процедури за јавни набавки, сцената е тука, додаде Шилегов. Изградбата на паркови, културни објекти и јавни содржини кои обединуваат луѓе не смее да запре, посочи Шилегов, изградбата на европско урбано и зелено Скопје мора да продолжи. - Ајде да се обединиме за модерен град кој вложува во иднината, а не во минатото. Да дадеме поддршка за Скопје кое ги поддржува младите да градат семејства тука и кој силно вложува во здрава иднина, чист воздух и модерна инфраструктура, заклучи Шилегов на денешната прес-конференција, со повик за обединување затоа што Скопје не смее да запре да расте и да го продолжи својот пат меѓу најразвиените градови во Европа. На новинарско прашање за тоа дека Арсовска одбива да учествува на дебата со него, Шилегов рече дека на скопјани и должат соочување на концепти за развој на град. - Жал ми е што ги потценува нашите граѓани. Јас навистина не знам со било што дали воопшто нешто било кажано лошо, напротив зборувавме за црните кампањи и не сакал тоа да го разговарам. Не на мене, туку на граѓаните на Скопје и должиме дебата. Кон граѓаните на Скопје должиме соочување на концепти заразвој на град. Ирелевантно е кој од нас како се чувтвува. Овој град не е на ниту на ВМРО, ниту на СДСМ, овој град не е ниту на кандидатите за градоначалници ниту на постојниот градоначалник. Овој град е на скопјани. Скопјани одлучуваат за Скопје. Скопјани треба мериторно да одлучуваат по основ на тоа што ќе им биде понудено како концепт, а не како желби. фф/нд/

Остани поврзан