• сабота, 23 ноември 2024

Шилегов: Нов забавен парк, нов парк во Карпош 4, затворање на Усјанскиот канал се дел од проектите за следниот мандат

Шилегов: Нов забавен парк, нов парк во Карпош 4, затворање на Усјанскиот канал се дел од проектите за следниот мандат
 Скопје, 15 октомври 2021 Скопје конечно добива нов и модерен Забавен Парк, на местото на стариот Луна Парк. Тука е и новиот градски парк во Карпош 4 кој ќе се простира на површина од 86.000 метри квадратни. Го продолжуваме кејот на Вардар од мостот кај Хром до мостот кај Сарај при што го уредуваме на ист начин како што е уреден кејот во остатокот од градот – со минор и мајор корито, тревници, велосипедски, пешачки патеки и друго, вели градоначалникот Шилегов за идните проекти кои не спаѓаат во делот на транспортот и инфраструктурата. Го покриваме Усјанскиот канал, а колекторскиот систем за собирање на отпадни води е веќе во самата завршница. Следниот чекор е проектирање и изградба на Пречистителната станица со капацитет од 625,000 еквивалент жители, продолжува Шилегов. Следуваат нова гимназија во Аеродром, нов спортски центар во Бутел, нова противпожарна станица во Бутел, нов културен центар во Кисела Вода, реконструкција на СЦ Сарај, нов културен центар во Шуто Оризари и многу други проекти кои може да се прочитаат во мојата програма, додаде Шилегов. За разлика од останатите, јас веќе имам еден мандат зад себе исполнет со важни реализирани и започнати капитални инвестиции кои целосно ги менуваат и ликот и функционалноста на градот во една прогресивна насока. За тоа време граѓаните добија една јасна претстава за начинот на кој функционира градот сега и како тој би функционирал понатаму. Во мојата програма за следниот мандат нема ниту еден нереален и неостварлив проект, а од програмата за минатиот мандат реализирано е најголем дел од предвиденото. Разликата е очигледна и моите сограѓани знаат да го препознаат најдоброто, вели Шилегов на за разликите меѓу него и неговите противкандидати. Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан