• понеделник, 16 декември 2024

Шилегов: Во следните четири години ќе го решиме сообраќајниот хаос и Скопје ќе го добие забавниот парк

Шилегов: Во следните четири години ќе го решиме сообраќајниот хаос и Скопје ќе го добие забавниот парк
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - Во следните четири години ќе го заокружиме целосно процесот за решавање на собораќајниот хаос во градот, во првиот мандат започнавме храбро, а во следниот ги завршуваме сите проблеми за Скопје да биде град без инфраструктурен проблем во следните 50 години, рече Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје, на вечерашниот караван на СДСМ во паркот Ибни Пајко. - Започнуваме да го пробиваме булеварот „Македонија“ познат како „Јужен булевар“, конечно ја поврзуваме Кисела Вода со Центар и со Карпош. Целосно го завршуваме булеварот Словенија, кој ќе води до Волково и до Ново Село, а ќе биде поврзан и со Општина Карпош со мостот на улица „Љубљанска“. Во центарот на градот ја градиме најголемата пешачка зона во Европа од стара Железничка до Бит Пазар, од Собрание до Палома Бјанка, целосно ќе го исчистиме градот заедно со општините затоа што изградивме инфраструктура во возила и потенцијал да можеме во наредниот мандат да понудиме на општините да влеземе пред секоја зграда и пред секој дом, нагласи Шилегов. Истакна дека во следните четири години Скопје ќе го добие забавниот парк. Како што информира, проектот е готов, а тендерот е распишан. - Најубавиот забавен парк во регионот, убедливо и еден од најубавите забавни паркови во Европа. Го одложивме лани само во интерес на заштита на интересите на Скопјани заради ковид кризата, нагласи Шилегов. Потенцира дека тој и неговиот тим имаат реален и проверен план како тоа да биде реализирано. - Успеавме. Скопје денес е една поинаква приказна. Скопје денес е подобро од пред четири години, покажавме дека знаеме поинаку, дека можеме подборо. Пред четири години ја почнавме оваа приказна барајќи промени, рече Шилегов, додавајќи дека никој од кандидатите не зборува веќе за аерозагадувањето во Скопје. Воздухот, истакна, денес е далеку почист и затоа тоа, според него, веќе не е тема. - Сите аналзи пикажуваат дека е тоа така. Оваа војна не е завршена, работа имаме уште, ќе продолжиме и понатаму. Покажуваме дека водиме грижа за јавниот интерес. Градските улици и булевари се градат и побрзо и поквалитетно и певитно од порано. Новата приказна за скопје е и приказна за град кој конечно се разбуди од сивилото и стана дури и во короната град на културата, се гради новата Универзална сала, додава Шилегов. Се осврна на вчерашниот говор на кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, за која посочи дека е лош менаџер. - Само лош менаџер може да нуди брзи решенија, добриот менаџер темелно планира и реализира, како што можевте да слушнете. Скопје не смее и нема да биде уште еден експеримент на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје не е сопственост на ниту една партија, туку на граѓаните. Затоа не ги потценувајте Скопјани и нивната интелигенција, заклучи Шилегов, нагласувајќи дека ова не се избори на кои се определува само кој ќе биде градоначалник на Скопје, туку избори во кои се бира меѓу полтиката на континуитет или враќање назад кон лажните митови и криминалот. Носителката на кандидатската листа на советници за Град Скопје Софија Пејкова на вечерашната промоција во Скопје најави дека чесно и несебично ќе се залага Скопје да стане поубаво и поздраво место за живеење за сите нас. - Како лекари положуваме Хипократова заклетва, а јас овде пред сите вас положувам заклетва дека како дел од советот на Град Скопје совесно чесно и посветено ќе се грижам да го добиете најдоброто, градските политики да го заштитуваат и унапредуваат здравјето на сите скопјани, ви ветувам дека со чесна и тимска работа заедно со Петре Шилегов и со моите колеги советници, посветено ќе работиме на поголема еколошка здравствена и социјална политика и поквалитетен живот за сите нас, истакна Пејкова. мс/бт/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан