• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шик не го менува дресот на Баер

Шик не го менува дресот на Баер

Леверкузен, 4.август 2025 (МИА) - Фудбалерот на бундеслигашот Баер Леверкузен Патрик Шик го продолжи договорот со клубот до 2030 година. Чешкиот репрезентативец во Баер стигна во 2020 година од Рома и на 168 натпревари постигна 81 гол.

-  Благодарен сум што во клубот веруваат во мене и со продолжувањето на договорот ми дадоа и одговорност. Не сакам никого да разочарам и се надевам дека со игрите на теренот ќе им се оддолжам во клубот. Верувам дека ќе имаме значајна улога во Бундеслигата и во Европа, напиша на мрежата Х Шик. 

Напаѓачот на Баер со клубот има освоено титула во Бундес лигата, германскиот куп и Суперкупот на Германија.   мн/

Фото: МИА архива

Остани поврзан