• петок, 05 декември 2025

Шешко и официјално играч на Манчестер Јунајтед

Шешко и официјално играч на Манчестер Јунајтед

Манчестер, 9август 2025 (МИА)  - Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед, соопшти премиерлигашот. 22-годишниот фудбалер потпиша договор до 2030 година, а трансферот има вредност од 76,5 милиони евра и дополнителни 8,5 во бонуси. 

- Историјата на Манчестер Јунајтед е посебна, но мене ме возбудува иднината. Кога зборувавме за проектот беше јасно дека имаат за цел овој тим да се надоградува и да расте и повторно да бидеме во борба за пехари. Сакам да го достигнам својот максимум и да ги исполнам сите свои желби, изјави Шешко за официјалниот сајт на клубот. 

Словенечкиот репрезентативец претходната сезона за бундеслигашот на 45 натпревари постигна 21 гол, воедно тој со 16 години е најмладиот репрезентативец на својата држава. 

Манчестер Јујајтед ова лето потроши 150 милиони евра за Матеус Куња и Брајан Мбуено.

Во првото коло од новата сезона Манчестер Јунајтед на домашен терен игра со Арсенал.    мн/  

Фото: ЕПА

Остани поврзан