• понеделник, 23 декември 2024

Шеф на иранска дипломатија првпат по неколку години во посета на Египет

Шеф на иранска дипломатија првпат по неколку години во посета на Египет

Каиро, 17 октомври 2024 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, доцна синоќа слета во Каиро на разговори со египетските власти, што е прва ваква посета по неколку години, како дел од турнејата низ Блискиот Исток во време на голема загриженост поради можен поширок блискоисточен конфликт со Израел.

Тензиите се високи бидејќи се очекува израелски напад врз Иран, како одмазда за иранскиот ракетен напад на 1 октомври, кој дојде по драматичната ескалација на конфликтот меѓу Израел и проиранската либанска милиција Хезболах.

Арагчи пристигна на „важни разговори со високи египетски функционери што ќе се одржат во четврток“, порача портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, на социјалната мрежа Х, по неговите посети на другите земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Ирак и Либан.

Односите меѓу Египет и Иран беа главно преполни со несогласувања во последниве децении, но двете земји ги интензивираа дипломатските контакти на високо ниво откако избувна кризата во Газа минатата година, при што Египет сакаше да дејствува како посредник.

Шефот на египетската дипломатија Бадр Абделати во јули отпатува за Техеран за да присуствува на инаугурацијата на иранскиот претседател.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан