• сабота, 23 ноември 2024

Шефот на „Ред Бул“ ја коментираше одлуката на „Хонда“ да ја напушти Формула 1

Шефот на „Ред Бул“ ја коментираше одлуката на „Хонда“ да ја напушти Формула 1
Лондон, 2 октомври 2020 (МИА) - Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер ја коментираше одлуката на Хонда, која обезбедува мотори за тимот на Формула 1, да ја напушти „Кралската трка“ по сезоната 2021 година.
  • Како тим, разбираме колку беше тешко за Хонда да одбие да се натпреварува во Формула 1. Смената на фокусот во автомобилската индустрија ја натера компанијата да ги прераспредели своите ресурси. Ние го разбираме ова и ја почитуваме донесената одлука. Јасно е дека во врска со заминувањето на Хонда, нашиот тим има одредени потешкотии, но ние веќе се најдовме во слична ситуација, имаме доволно ресурси за да ги преземеме потребните мерки.
Иако сме вознемирени што нема да можеме да го продолжиме партнерството со Хонда, горди сме на успесите што ги постигнавме заедно. Им благодариме на Хонда за нивниот непроценлив придонес и посветеност на нивната работа, изјави Хорнер. Претходно, од Хонда се произнесоа дека по крајот на следната сезона ја напуштаат Формула 1. зс/

Остани поврзан