• вторник, 26 ноември 2024

Шефот на ОН им порача на Русија и Украина дека постои „сериозна загриженост“

Шефот на ОН им порача на Русија и Украина дека постои „сериозна загриженост“
Њујорк, 14 февруари 2022 (МИА) -  Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска одвоено разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик. Гутереш изрази сериозна загриженост кај двајцата министри поради зголемените тензии и ги поздрави тековните дипломатски разговори за да се смират тие тензии, истакна Дижарик. „Тој уште еднаш го подвлече фактот дека дипломатијата нема алтернатива“. Според него, Гутереш се уште верува, според сопствената анализа и сопствените надежи, дека нема да има конфликт. Дижарик истакна дека ОН не планираат да евакуираат или префрлаат од Украина ниту еден од своите над 1.600 вработени, од кои 220 се странци, а повеќе од 1.400 се Украинци. „Генералниот секретар рече дека неговите добри услуги се секогаш достапни... Негова должност и одговорност како генерален секретар е да биде во контакт со сите страни вклучени во оваа актуелна ситуација“, рече Дижарик. Гутереш нагласил дека е убеден дека нема да има руска инвазија во следните три недели.

Остани поврзан