• четврток, 07 ноември 2024

Шефот на НАТО до Ердоган: Шведска ги исполни своите обврски кон Турција за влез во НАТО

Шефот на НАТО до Ердоган: Шведска ги исполни своите обврски кон Турција за влез во НАТО

Брисел, 4 јуни 2023 (МИА) - Шведска ги исполни своите обврски кон Турција, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по двочасовната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турција веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО, обвинувајќи ја за попустливост кон курдските активисти кои живеат на нејзина територија.

Столтенберг изрази надеж дека Турција ќе го одобри влезот на Шведска во НАТО пред самитот на шефовите на државите на земјите-членки на Алијансата на 11 и 12 јуни во Вилнус.

Шефот на НАТО и се заблагодари на Турција што одговорила на барањето за испраќање засилување на север на Косово.

Турското Министерство за одбрана вчера соопшти дека планира да испрати свои сили во Косово како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на мировните сили на КФОР по немирите во северно Косово.

Столтенберг вчера присуствуваше на инаугурацијата на Ердоган, кој го започна својот трет претседателски мандат, што ќе трае пет години. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан