Шефот на израелската дипломатија оптимист за договор за прекин на огнот во Газа
- -Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Саар во Братислава.
Братислава, 9 јули 2025 (МИА) – Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека е оптимист во врска со постигнувањето договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, велејќи дека доколку се постигне привремено примирје, Израел ќе преговара и за трајно примирје.
-Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава.
Шефот на израелската дипломатија додаде дека, доколку се постигне привремено примирје, неговата земја ќе преговара и за трајно примирје.
Војната во Појасот Газа започна во октомври 2023 година.сд/
фото:ЕПА