• среда, 25 декември 2024

Шефовите на дипломатиите на ЕУ утре во Луксембург ќе разговараат и за Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на ЕУ утре во Луксембург ќе разговараат и за Западен Балкан

Луксембург, 23 јуни 2024 (МИА) - Во Луксембург утре ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за Западен Балкан.

Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, на состанокот ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Косово.

Со состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан