Шефовите на дипломатиите на ЕУ постигнаа договор за олеснување на санкциите за Сирија
- -Нашата намера е да дејствуваме брзо, но укинувањето на санкциите може да се смени ако се преземат погрешни чекори, предупреди Калас, пренесе Хина.
Брисел, 28 јануари 2025 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Европската унија постигнаа договор за планот за ублажување на санкциите кон Сирија, изјави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
-Нашата намера е да дејствуваме брзо, но укинувањето на санкциите може да се смени ако се преземат погрешни чекори, предупреди Калас, пренесе Хина.
Во моментов се активни серија санкции насочени кон поединци и економски сектори во Сирија, вклучувајќи забрана за извоз на сириска нафта и ограничувања за пристап до глобалните финансиски канали.
Членките на Унијата почнаа да го разгледуваат својот пристап кон Дамаск откако бунтовничките сили предводени од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) го соборија сирискиот претседател Башар ал Асад во декември.
Владите на ЕУ се обидуваат да помогнат да започне закрепнувањето на Сирија.
Меѓутоа, многу членки, исто така, истакнаа дека ЕУ треба постепено да ги укинува санкциите, ставајќи акцент на реверзибилноста со цел да се задржи влијанието врз новите власти во Дамаск да ги почитуваат основните права и да спроведуваат инклузивни политики.сд/
фото:МИА архива