• четврток, 26 декември 2024

Шест придобивки од лубеницата лете

Шест придобивки од лубеницата лете
Лос Анџелес, 17 јуни 2022 (МИА) - Лубеницата е вообичаено летно освежување коешто се консумира во долгите топли денови... Овој зеленчук е полн витамини и хранливи материи, па дури и може да помогне при заштита од болести. Следат шест позитивни страни на лубеницата... 1. Ја одржува хидратацијата - Лубеница со средна големина содржи околу 92 отсто вода, па затоа таа е одлична за да останете хидрирани, вели Елизабет Бејл, од „Елизабет Бејл нутришн“. Водата е важен дел од функционирањето на телото. Всушност, водата сочинува 60 отсто од составот на човековото тело, што објаснува зошто овој плод игра така голема улога во сѐ тоа. 2. Лубеницата содржи многу витамини потребни на вашето тело! Меѓу нив се витаминот А, Ц, Б-6. Исто така, лубеницата содржи и магнезиум кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите. 3. Поголема контрола врз тежината Едно просечно парче лубеница содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична закуска. Високата содржина на вода во лубеницата пак, може да биде заситена и да помогне при вносот на помалку калории воопшто. 4. Ја спречува болката во мускулите - Лубеницата содржи Л-цитрулин - аминокиселина којашто помага да се намали болката во мускулите по тренинг. Л-цитрулинот ги шири крвните садови за да овозможи поголем проток на крв во мускулите, што може да ја намали болката со подобрување на снабдувањето со кислород за време на вежбањето, вели нутриционистката Ејми Шапиро Истражување од 2013 година посочува дека учесниците кои пијат обичен сок од лубеница, или измешан со цитрулин имале помала веројатност од воспаление на мускулите од групата која пиела само пијалак од цитрулин. 5. Лубеницата го намалува крвниот притисок - Бидејќи цитрулинот помага во отворањето и опуштањето на крвните садови, тоа може да го подобри протокот на крв и да го намали крвниот притисо, вели Шапиро. Ако човек остане правилно хидриран, тоа може да го подобри крвниот притисок така што ќе му срцето поделотворно ќе пумпа крв во мускулите. Истражување од 2012 година покажа дека лубеницата го намалува крвниот притисок кај возрасни лица со вишок килограми и со висок крвен притисок. 6. Го подобрува варењето - И влакната се важни за варењето, бидејќи ја регулираат масата на столицата, што го олеснува процесот, вели Шапиро. Иако лубеницата не содржи многу влакна - околу еден грам по парче, и високата содржина на вода може да помогне да се подобри варењето на храната.  си/ми/

Остани поврзан