Шест нови судии дадоа свечени изјави пред Судски совет
- Шест нови судии денеска дадоа свечени изјави пред Судскиот совет. Овие судии ќе работат во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје, а доаѓаат од редот на кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители.
Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Шест нови судии денеска дадоа свечени изјави пред Судскиот совет. Овие судии ќе работат во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје, а доаѓаат од редот на кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители.
Свечена изјава за Основен граѓански суд Скопје денеска во Судски совет потпишаа судиите Ирена Митреска, Драгана Илиовска и Сања Томиќ Велкоски.
За судии во Основен кривичен суд Скопје свечена изјава потпишаа Лиљана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митреска. ар/ев/