• вторник, 24 декември 2024

Шест лица загинаа во бомбашки напад во северна Нигерија

Шест лица загинаа во бомбашки напад во северна Нигерија

Кано, 28 јануари 2024 (МИА) - Шест лица, меѓу кои четири деца, загинаа во експлозија на рачно изработена бомба во североисточна Нигерија, регион познат по исламистичкото насилство, соопштија денеска локалните власти.

„Бомбата експлодираше во саботата додека две лица кои собирале метал за препродажба го селектирале отпадот собран во голема грмушка во близина на градот Губио, 80 километри од регионалниот главен град Мајдугури“, соопштија локалните власти.

Околу 40.000 луѓе се убиени, а два милиона раселени од почетокот на исламистичкото насилство во североисточна Нигерија пред 14 години.

Раселените луѓе често живеат во импровизирани кампови. Населението редовно е цел на џихадисти кои ги обвинуваат за шпионирање за нигериските безбедносни сили. паг/ 

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан