• среда, 25 декември 2024

Шестнаесетгодишно момче ракувајќи со воздушна пушка повредил малолетник

Шестнаесетгодишно момче ракувајќи со воздушна пушка повредил малолетник
Скопје, 7 јануари 2021 (МИА) - Шестнаесетгодишно момче од тетовското село Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка повредил друг малолетник од истото село. Повреденото момче е префрлено во приватната болница „Систина“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека инцидентот бил пријавен вчера во 14:10 часот во СВР Тетово. Немилиот настан се случил на 5 јануари околу 15:30 часот во помошен објект во атарот на селото Врапиште.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистувaње на случајот. бак/рп/

Остани поврзан