• петок, 05 декември 2025

Шестмина припадници на безбедносните сили загинаа во хеликоптерска несреќа во Шри Ланка

Шестмина припадници на безбедносните сили загинаа во хеликоптерска несреќа во Шри Ланка

Коломбо, 9 мај 2025 (МИА) – Шестмина припадници на безбедносните сили загинаа во хеликоптерска несреќа во источниот дел на Шри Ланка, соопшти денеска воен портпарол.

Хеликоптер „Бел 212“, кој превезувал 12 припадници на вооружените сили на земјата, имал технички дефект и се урнал во резервоар кај Мадуру Оја, пренесе ДПА.

Двајца пилоти се меѓу преживеаните откако се катапултирале од хеликоптерот.

Инцидентот се случи неколку недели откако тренинг авион на воздухопловните сили на Шри Ланка се урна во централниот дел на земјата. Пилотите успеаја да се катапултираат и поминаа без повреди. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан