• сабота, 19 октомври 2024

Шестмесечна суспензија за италијанската ватерполо репрезентација

Шестмесечна суспензија за италијанската ватерполо репрезентација


Лозана, 18 октомври 2024 (МИА) – Италијанската машка ватерполо репрезентација е суспендирана на шест месеци од Одделот за интегритет на водни спортови (AQIU) поради инцидентот во кој беа нападнати судии на Олимписките игри во Париз.
Во четвртфиналето на олимпискиот турнир, Италија загуби од Унгарија по изведувањето пенали, а еден од клучните моменти се случи на крајот на втората четвртина кога судиите го исклучија италијанскиот репрезентативец Франческо Кондеми поради груб прекршок.
Судиската одлука предизвика гневни реакции во италијанскиот табор, како и физички напад врз официјалните лица по завршување на натпреварот.
„Италијанскиот селектор Сандро Кампања и дел од играчите вербално и физички ги нападнаа судиите и делегатите на паркингот пред базенот по натпреварот“, соопшти AQIU.
Италијанската Федерација е казнета и парично со 100.000 долари. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан