Шести ден протести во Вашингтон против расизмот и полициското насилство (видео)
- Во Вашингтон денеска, шести ден по ред, се одржуваат протести против полициското самоволие и расизам на униформираните лица во САД.
![Шести ден протести во Вашингтон против расизмот и полициското насилство (видео)](https://mia.mk/index.php/images/20221104001011_big_730x400_61.webp )
Вашингтон, 3 јуни 2020 (МИА) - Во Вашингтон денеска, шести ден по ред, се одржуваат протести против полициското самоволие и расизам на униформираните лица во САД.
Дел од протестот насловен „Животите на црнците се важни - Не можам да дишам“, го проследи и дописникот на МИА од Вашингтон.
о)
Претходно Пентагон соопшти дека околу 1.600 американски војници се распоредени во околината на Вашингтон и се наоѓаат во состојба на „зголемена готовност“, но според последните информации на Волстрит џурнал ним им е наложено да се вратат во своите домови. ссм/