• вторник, 24 декември 2024

Шеснаесет повредени во руските напади врз Киев, во Харков има една жртва и 22 повредени

Шеснаесет повредени во руските напади врз Киев, во Харков има една жртва и 22 повредени

Киев/Харков, 2 јануари 2024 (МИА) - Во утринската серија руски ракетни напади врз Киев се повредени 16 лица, од кои 15 се хоспитализирани, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. 

Градоначалникот  додаде дека жителите на главниот град се повредени во пожар што избил во повеќекатница во населбата Соломенски, по ракетен напад. 

Според Кличко, во областа Подолск биле оштетени инфраструктурен објект и гасоводна цевка, а некои делови од градот останале без струја, пренесуваат украинските медиуми.

Шефот на регионалната администрација на Харков, Олех Синехубов, соопшти дека едно лице загина, а 22 се повредени во руските ракетни напади врз градот.

Синехубов изјави дека централниот дел на Харков, особено областа Шевченко, бил цел на руските ракетни напади и дека во нив се оштетени станбени згради, помошни згради и цивилна инфраструктура. 

Руските сили утрово извршија масовен ракетен напад врз повеќе локациии во Украина. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан