• вторник, 24 декември 2024

Шенен Доерти против „културата на исклучување“

Шенен Доерти против „културата на исклучување“
Лос Анџелес, 14 февруари 2022 (МИА) - Шенен Доерти размислува да направи „навистина искрена емисија“ против „смешната култура на исклучување во која живееме“, и покрај нејзината битка со ракот. Својот став таа го изнесе на Инстаграм, покрај самосликот. „Набљудувајќи го нашиот свет... Каква станува мојата земја?!“, се прашува таа. - „Она што го гледам е толку многу омраза и болка... И злоупотребата на животните е доказ, како и заканата од војна, бездомништво и занемарувањето на човековите права!“, напиша таа. Глумицата од ТВ-серијата „Беверли Хилс“ од 1990-тите, продолжи да зборува против културата на исклучување, нагласувајќи дека тоа нема да ја спречи да има свое мислење. „Вознемирувачки е тоа што луѓето се чувствуваат принудени да молчат во страв од реперкусии. Сите имаме право на наше мислење. Не мора сите да размислуваме исто. Тоа треба да го ценат сите“, истакна таа. Шенен навести и своја инетернет-емисија која ќе содржи различни мислења... „Уморна сум од само два гласа. Има и трет. Дури и четврти... Засега ви посакувам на сите мир, сочувство и почит кон СИТЕ живи суштества“, го завршува таа својот Инстаграм-говор. „Kултура на исклучување“, или откажување, e стремеж кон бојкот на глумци поради искажано мислење, повлекување ликови, глумци и уметници, филмски и ТВ содржини или контроверзни шеги или однесување кое може да биде навредливо за некого, или е критикувано како политички некоректен однос. За противниците, „културата на исклучување“ е недозволива цензура на слободата на изразување во филмот, музиката и уметноста.  си/сд/

Остани поврзан