Шелтон за помалку од една минута го заврши продолжението
Лондон, 4.јули 2025 (МИА) - Американецот Бен Шелтон обезбеди пласман во третото коло на Вимблдон. Тој за помалку од една минута го заврши продолжението од мечот против Ринки Хиџиката од Австралија што синоќа беше прекинат.
Синоќа околу 21:30 часот по локално време мечот беше прекинат кога Шелтон требаше да сервира за меч. Тој не успеа да го убеди судијата дека има уште доволно дневно светло за да се доигра мечот.
Во денешното продолжение Шелтон ги освои четирите поени против Хиџиката и го доби мечот со 3:0 во сетови (6:2; 7:5 и 6:4).
Во третото коло ќе игра против Мартон Фучович од Унгарија, кој денеска во продолжението го победи Гаел Монфис со 3:2 во сетови. мн/
Фото: ЕПА