• вторник, 26 ноември 2024

Шекеринска: Ја вративме државата во нормала, продолжуваме да се бориме за она што го сакаме

Шекеринска: Ја вративме државата во нормала, продолжуваме да се бориме за она што го сакаме
Скопје, 9 февруари 2020
Заменик претседателката на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска учествуваше на Меѓународната конференција „Еден Балкан кон ЕУ“. Во своето обраќање на панел – дискусијата посветена на придобивките за ЕУ од интеграцијата на Западен Балкан, го истакна оптимизмот за приклучување кон Унијата и посветеноста на СДСМ и на Владата кон исполнувањето на оваа стратешка цел.
„Успеавме да ја вратиме државата во нормала и да ја смениме на позитивно во делот на слободата на медиумите, транспарентноста, позицијата на жените. Успеавме да ја надминеме длабоката поделеност во општеството и на масата на ЕУ да придонесеме со различните јазици во нашето општество. Успеавме да ја зголемиме минималната плата, отворивме нови 60.000 работни места, станавме дел од НАТО”, рече Шекеринска.
Прогресивците, потенцираше Шекеринска, покажаа дека можат да ја сменат реалноста и дека можат да победат и кога се борат против моќен непријател.
„ЕУ сега има поддржувачка, а не доминантна улога во процесите во нашата земја. Мораме да продолжиме да се бориме, но не да се бориме против тоа што го мразиме, туку да се бориме за тоа што го сакаме”, истакна во својот говор Шекеринска.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан