Швјонтек по трет пат го освои Ролан Гарос
- Полската тенисерка Ига Швјонтек попладнево во финалето на Ролан Гарос ја победи Каролина Мухова од Чешка со 2:1, по сетови 6:2, 5:7 и 6:4. Мечот траеше 2 часа и 39 минути.

Париз, 10 јуни 2023 (МИА) - Полската тенисерка Ига Швјонтек попладнево во финалето на Ролан Гарос ја победи Каролина Мухова од Чешка со 2:1, по сетови 6:2, 5:7 и 6:4. Мечот траеше 2 часа и 39 минути.
На овој меч, првата светска тенисерка за првпат загуби сет на Отвореното првенство на Франција во 2023 година.
За 22-годишната Швјонтек ова е трета титула во 2023 година и трета победа на Ролан Гарос. Претходно таа во Париз победи во 2020 и 2022 година.
За 26-годишната Мухова ова беше прво Грен слем финале.
Вкупниот награден фонд на Ролан Гарос изнесува 49,6 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА