Швјонтек го освои турнирот во Сеул
- Полската тенисерка Ига Швјонтек денес ја совлада руската тенисерка Екатерина Александрова со 2:1 во финалето на турнирот во Сеул, Јужна Кореја.
Сеул, 21 септември 2025 (МИА) – Полската тенисерка Ига Швјонтек денес ја совлада руската тенисерка Екатерина Александрова со 2:1 во финалето на турнирот во Сеул, Јужна Кореја.
Во првиот сет Швјонтек освои само еден гем (1:6), но потоа беше поуспешна и со 7:6 и 7:5 дојде до трофејот.
Мечот траеше 2 часа и 46 минути.
Награден фонд на турнирот во Сеул изнесуваше еден милион долари. зс/
Фото: ЕПА