Швед кариерата ќе ја продолжи во Кина
- Еден од најдобрите кошаркари во Европа, Алексеј Швед одлучи кариерата да ја продолжи во Кина. Според агентот на кошаркарот Обрад Фимиќ, Швед потпишал договор со кинескиот клуб Шанкси Лунгс.

Москва, 24 октомври 2023 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари во Европа, Алексеј Швед одлучи кариерата да ја продолжи во Кина. Според агентот на кошаркарот Обрад Фимиќ, Швед потпишал договор со кинескиот клуб Шанкси Лунгс.
- Сега можеме официјално да кажеме дека Алексеј стана играч на Шанкси Лунгс. Во наредните денови ќе добие виза и ќе одлета во Кина за да им се придружи на нови партнери. Имавме две конкретни понуди од клубови од Евролигата, но поинтересна опција беше со Кина. По НБА и Евролигата, Алексеј го открива новиот шампионат на ЦБА, каде настапуваат многу врвни ѕвезди. Тој навистина сака да ја покаже својата најдобра игра и да му помогне на Шанкси Лунгс да постигне високи цели, изјави Фимиќ.
Во сезоната 2023/24, новиот тим на Швед одигра еден натпревар, губејќи од Гуангдонг Саутерн (118:98).
Покрај Швед, тимот има уште двајца странски играчи - Американците Исаја Тејлор (поранешен член на Атланта и Анадол Ефес) и Џастин Патон (поранешен играч на Оклахома и Филаделфија). зс/
Фото: ЕПА